Американскиот развивач на вештачка интелигенција Open AI објави дека почнувајќи од 24 август, неговата алатка ChatGPT ќе започне да прикажува реклами на 31 европски пазар.
Германија, Франција, Шпанија, Италија, Шведска, Норвешка, Данска, Холандија и Австрија се наведени како примери во текстот.
Рекламите се наменети за корисниците на пакетите Free и Go, додека оние со Plus, Pro и Enterprise нема да гледаат реклами.
Особено, Open AI нагласува дека рекламите ќе бидат јасно означени и одвоени од одговорите на прашањата и дека рекламирањето нема да влијае на одговорите што ги дава четботот.
„Нашата амбиција останува едноставна, Chat GPT да биде место каде што луѓето доаѓаат за да постигнат цели и да донесат одлуки. Рекламите преку четбот треба да бидат корисни при донесувањето на тие одлуки и ефикасни за огласувачите“, велат од Open AI.
Рекламите ќе се појавуваат под крајот на одговорот на барањето, а не во текстот, и ќе бидат јасно означени како спонзорирана содржина и визуелно одвоени од одговорот.
На пример, ако корисникот поднесе барање за рецепти, може да види реклама за достава на намирници или сличен производ.
Open AI наведува дека огласувачите нема да имаат пристап до разговорите на корисниците, историјата на разговорите, меморијата или личните информации.
