back to top
9.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Рики Мартин панично бега од сцената откако фрлија солзавец: Се појави видео од концерт во Црна Гора

Други наслови

Драматични снимки од концертот на Рики Мартин се појавија на социјалните мрежи, 
на кои се гледа моментот кога пејачот во паника ја напушти сцената по хаосот предизвикан од фрлањето солзавец во публиката.

Популарниот пејач настапи на Плоштадот на независноста во Подгорица по повод Денот на независноста на Црна Гора, а концертот, на кој собра голем број луѓе, беше накратко прекинат по опасен инцидент во публиката.

Според видеата што кружат на социјалните мрежи, во еден момент меѓу посетителите владеела целосна паника. Се слушале вресоци, додека дел од публиката се обидувала од страв да стигне до излезот.

Набргу потоа, видливо вознемирениот Рики Мартин се скри зад сцената, барајќи засолниште додека ситуацијата не се смири.

Да ве потсетиме дека во врска со инцидентот што се случи во четвртокот вечерта, се огласи и црногорската полиција, а Милан Делиќ, раководителот на ОКЦ, ги изнесе официјалните детали.

– Синоќа околу 23 часот, во близина на сцената беше активиран рачен солзавец, што предизвика кратка паника кај граѓаните. Концертот набрзо продолжи. Припадници на секторот за криминалистичка полиција фотографираа, но открија дел од споменатиот солзавец што беше пронајден во близина на сцената. Лицето кое го фрли солзавецот ќе биде брзо пронајдено – изјави Милан Делиќ, раководител на ОКЦ, објавија медиумите во Подгорица.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести