Руски рецепт за каша од лук може да помогне при проширени вени и затнати крвни садови.
Природните начини за зајакнување на здравјето и ублажување на симптомите на разни болести стануваат сè попопуларни низ целиот свет. Од билни чаеви и зачини до домашни рецепти, многу луѓе се свртуваат кон природни методи за поддршка на имунитетот, намалување на воспалението или ублажување на проблемите со варењето и циркулацијата.
Меѓу овие методи е и овој едноставен рецепт од Русија кој се користи за згрутчување на крвта.
Комбинацијата од лук и лимон, според народната практика, може да помогне при воспаление на површинските вени и блокади.
Еве како да го подготвите овој рецепт:
Состојки:
- 250 г лук
- 15 лимони
Подготовка:
Подготовката е едноставна. Ситно исечкајте го лукот или сомелете го во блендер, додадете лимони (добро измиени, со кора) и блендирајте сè заедно додека не добиете хомогена маса. Истурете ја смесата во стаклена тегла и покријте ја со газа, а не со капак, за да се „проветрат“ природните состојки.
Се препорачува да се зема една лажичка дневно, разредена во чаша топла вода. Чувајте ја теглата во фрижидер и консумирајте ја редовно.
Пред да користите вакви препарати, секогаш консултирајте се со лекар, особено ако имате проблеми со срцето, крвниот притисок или користите разредувачи на крвта.
