back to top
16.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

САД ги суспендираат санкциите кон Унгарија за една година поради купувањето руска нафта

Други наслови

Неименуван функционер на Белата куќа потврди за Би-Би-Си дека американскиот претседател Доналд Трамп одлучил неговата земја да ја ослободи Унгарија од санкциите една година, поради купувањето руска нафта и гас.

Трамп претходно изјави дека ќе разгледа ослободување на Унгарија од санкциите, за кои тврди дека имаат за цел да го запрат руското агресија врз Украина.

За време на вчерашната средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа, тој рече дека причината за ова е фактот што Унгарија многу тешко набавува нафта и гас од други региони.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, по состанокот напиша на социјалната мрежа X дека САД ѝ дале на неговата земја „целосно и неограничено ослободување од санкции“.

Ова се случи откако САД минатиот месец воведоа санкции врз две од најголемите руски нафтени компании и се заканија со санкции врз оние кои ќе купат руска нафта.

Ослободувањето на Унгарија од санкции се смета за голема победа за Орбан. Тој претходно изјави дека санкциите би можеле да ја уништат унгарската економија. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести