Националната туристичка организација на Финска започна нова програма – „Финска вечера“, која им овозможува на мажи и жени од целиот свет кои не се во брак или врска да освојат четиридневно патување во нордиската земја и да учествуваат во групен состанок на слепо.
Патувањето во Финска е планирано за периодот помеѓу 9 и 19 февруари 2027 година, а избраните учесници ќе бидат поделени во две групи од по осум лица, пишува порталот ED Times.
Избраните кандидати ќе имаат покриени сите трошоци, вклучувајќи меѓународен авионски билет за повратно патување, сместување, локален превоз, храна и дневни активности како што се традиционална финска сауна и зимски екскурзии
Учесниците ќе бидат сместени во Хелсинки или Тампере, а забавниот формат на групни состаноци е дизајниран да го избегне притисокот од традиционалниот состанок еден на еден.

Организаторите испланираа гастрономска програма дизајнирана од познатите фински готвачи Адел Кинунен и Анри Тиканен.
Точната дестинација на ресторанот останува тајна сè додека учесниците не го потврдат своето пристигнување.
Апликациите се отворени за сите самци над 18 години од кој било дел од светот, тие траат до 10 ноември 2026 година во 11:59 часот по финско време, а кандидатот е должен да прикачи видео од „тој предизвик за самци“ на мрежите Инстаграм, ТикТок или Јутјуб заедно со формуларот за апликација.

Иницијативата има за цел да го промовира финскиот туризам и кулинарските традиции преку уникатно социјално искуство
