back to top
20.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

СДСМ: Нов ребаланс бидејќи нема пари за плати и пензии, доаѓаат нови долгови за граѓаните

Други наслови

Новиот ребаланс на буџетот е направен затоа што нема пари за плати и пензии, доаѓаат нови долгови за граѓаните, обвинува денес од СДСМ.

„Нов ребаланс на буџетот само два месеци по последниот. Ова ја потврдува катастрофалната состојба на државната каса и дебаклот на економските политики на Мицкоски.“

Буџетската дупка е огромна, 900 милиони евра. Владата нема доволно пари за плати, пензии и тековни обврски. Нови долгови доаѓаат на грбот на народот.

Владата веќе има земено нови кредити од 250 милиони евра за буџетски потреби до крајот на годината. Не за враќање на стари кредити, не за развојни инвестиции, туку за покривање на дефицитот во државната каса.

Ова е резултат на економските политики на Мицкоски: Буџет кој е исполнет со кредити, додека граѓаните слушаат приказни за економски успех.

Приказните на Мицкоски за „третата економија во Европа“ пропаднаа.

Буџетскиот дефицит е 900 милиони евра, јазот во ПИОМ достигна една милијарда евра. Наместо да обезбеди стабилни приходи и одговорно трошење, Владата акумулира долгови за да ги покрие своите основни обврски.

Со ново задолжување, јавниот долг достигнува 11 милијарди евра, а со долговите кон Јавните претпријатија и другите јавни претпријатија надминува 63% од БДП.

„Должно ропство. Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, за само две години. Половина од вкупниот државен долг во последните 30 години“, велат од СДСМ. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести