back to top
14.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

СДСМ: Тошковски ги стави полициските структури во служба на ВМРО-ДПМНЕ

Други наслови

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, учествуваше на партиски состанок за изборите во седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, изјави денес опозициската СДСМ.

СДСМ го обвини Тошковски за партизација на Министерството за внатрешни работи, а дури и припадници на полицијата нелегално учествуваат на партиски собири.

„На истиот состанок присуствуваше и полицискиот инспектор во Секторот за внатрешни работи Прилеп, Сашо Јосифоски, што претставува директно кршење на Законот за внатрешни работи. Секако, партиската полиција на Тошковски е ставена целосно во служба на ВМРО-ДПМНЕ, наместо на изборниот процес. Ова е флагрантна злоупотреба на институциите за партиски цели. Министерот Тошковски, наместо да ја гарантира независноста и професионалноста на полициските структури, ја трансформира полицијата во служба на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ бара разрешување на полицискиот инспектор, суспензија, дисциплински постапки и одговорност од Тошковски“, се вели во соопштението на СДСМ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести