Ријана објави серија нови фотографии за промоција на нејзината колекција Savage X Fenty.
Познатата пејачка Ријана повторно го покажа својот сексапил во својата најнова кампања, во која најави и
провокативна колекција долна облека наречена „Cherry Nouveau“.
Популарната Рири минатата година го роди своето трето дете, овој пат девојче, а набрзо почнаа да кружат гласини дека е бремена по четврти пат . Тоа се покажа како лажно, а убавицата од Барбадос официјално стави крај на сите шпекулации со овие фотографии.
Таа искомбинираше проѕирен градник украсен со мотиви од цреша со кариран долен дел кој наликува на шорцеви, а истата кошула ја остави раскопчана.

Ова не е прв пат целиот свет да ужива во нејзините провокативни фотографии што ги прави за брендот, но таа секогаш изненадува и покажува дека и покрај семејните обврски, успева да се посвети на својата работа, иако сите би сакале да се врати на сцената како пејачка – се чини дека тоа нема да се случи .
„Жено, како изгледаш“, „Како и обично, нереално“, „Кралица“, „Секси мама“, „Ау, неодолива си“, беа само дел од коментарите под објавата.
