back to top
20.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Се воведуваат тарифи и за кинеските хибриди?

Други наслови

Германската СПД бара воведување царини од ЕУ за хибридни автомобили од Кина.

Социјалдемократите (СПД), помладиот партнер во коалициската влада на Германија со конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ), презентираа нова политичка насока што се очекува пратениците на партијата да ја усвојат на 4 септември.

ЕУ има царини до 45 проценти за електричните возила од Кина, но не и за хибридните автомобили. Во нов документ, СПД го поддржува воведувањето царини за хибридите, тврдејќи дека проширените царини за автомобили би помогнале во заштитата на европските производители на автомобили од трговските практики што го нарушуваат пазарот.

„Мораме порешително да го заштитиме нашиот автомобилски сектор од кинеските модели кои се нудат по многу ниски цени преку нефер практики. Ја повикуваме федералната влада да го искористи своето влијание за да се осигури дека ЕУ конечно ќе ја затвори законската дупка за хибридните возила со приклучок и ќе им наметне царини, исто како што прави за целосно електричните автомобили“, наведува СПД во својот документ, пренесува HAK Review .

Овој потег ќе изврши притисок врз германскиот канцелар Фридрих Мерц и ЕУ. Берлин историски се двоумеше да воведе строги мерки против Кина од страв од одмазда што би им наштетила на клучните индустрии, спротивставувајќи се на царините на ЕУ за електрични возила во 2024 година, објави Блумберг.

Сепак, германската автомобилска индустрија е сè повеќе загрозена од plug-in хибридите од Кина. Имено, BYD Seal U DM беше најпродаваниот plug-in хибрид во Германија во август, а на тој пазар традиционално доминираа моделите Volkswagen Tiguan, BMW и Mercedes.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести