back to top
20.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Силјановска-Давкова ги награди победниците на охридскиот пливачки маратон

Други наслови

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во својство на покровител на Охридскиот пливачки маратон, ги додели наградите на победниците врз основа на резултатите евидентирани во моментот на прекин на трката.

Како што потсетуваат од нејзиниот Кабинет, на овој престижен спортски настан, кој се одржа во Охрид по 38-ми пат, победник во женска конкуренција е Мајте Ајлен Пука, додека победници во машка конкуренција се Матео Фурлан, Федерико Тамборино и Матијас Дијас Ернандес.

Силјановска-Давкова им честиташе на победниците и на сите учесници на маратонот, изразувајќи благодарност за нивната издржливост, посветеност и спортски дух. Им посака добро здравје и нови спортски успеси.

Оваа година, на патеката „Климе Савин“ се натпреваруваа 16 пливачи од шест земји: десет во машка конкуренција и шест во женска, меѓу кои четворица натпреварувачи од Северна Македонија.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести