back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

СИНЕР ГО СРУШИ РЕКОРДОТ НА ЃОКОВИЌ! Историска победа на Италијанецот во Мајами!

Други наслови

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се квалификуваше во осминафиналето на Мастерсот во Мајами , победувајќи го Французинот Корентин Муто со 2:0 (6:1, 6:4).

Во овој натпревар, Синер го сруши неверојатниот рекорд што пред 10 години го постави најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ . Имено, со 25-тиот и 26-тиот освоен гем по ред на турнирите од серијата 1000, Италијанецот го надмина рекордот на Новак од 24 освоени сета по ред.

Јаник Синер во Индијан Велс

„Многу сум среќен. Овој спорт е непредвидлив, се обидуваме да го задржиме фокусот колку што можеме и ќе видиме што нè очекува во следната рунда“, рече Синер по натпреварот.

Погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот:

Во следната рунда, Синер ќе игра против Американецот Алекс Микелсен, кој го победи Алехандро Табил со резултат од 3:6, 6:3 и 6:4.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести