back to top
9.8 C
Skopje
среда, 14 октомври , 2026

Скандалите околу Инфантино растат: ФИФА го криеше фактот дека добил дополнителни милион и пол евра за Светското првенство

Други наслови

Главниот извршен директор на светскиот фудбал, Џани Инфантино, е под нов притисок. По неговиот неуспешен обид да го продаде Светското првенство на приватни инвеститори, ФИФА сега ги сокри неговите дополнителни заработки.

Инфантино пријавил плата од 4,6 милиони евра (5,1 милион долари) за 2024 година, но даночните документи во САД покажуваат дека тој добил дополнителни 1,5 милиони евра (1,76 милиони долари) од компанијата FWC2026, што не било пријавено, објави „Скај спортс“.

FWC2026 е компанија основана за организација и управување со Светското првенство што се одржа ова лето. Таа уплата не беше јавно објавена во годишниот извештај на ФИФА.

Член 43, став 13 од Статутот на ФИФА предвидува дека индивидуалните надоместоци на претседателот на ФИФА, членовите на Советот и генералниот секретар мора да бидат објавени.

ФИФА ги негира обвинувањата

„ФИФА не исплаќа никаква друга плата на претседателот на ФИФА и ги исполнува сите обврски за известување во врска со надоместоците. Годишниот надоместок на претседателот на ФИФА, како и другите договорни бенефиции, го одредува независен поткомитет за надоместоци“, изјави портпаролот на ФИФА.

„ФИФА категорично ги отфрла сите обвинувања дека не открила никакви финансиски информации и дека ги прекршила своите статути. Финансиските извештаи на ФИФА се независно ревидирани, а сите поднесоци се во согласност со даночните прописи во Швајцарија, Соединетите Американски Држави и на други места“, додаде ФИФА.

Да потсетиме дека Инфантино се соочува со најголемиот удар откако стана на чело на ФИФА. Тој се обиде да ги продаде правата за организирање на светските првенства на приватни инвеститори.

Планот не успеа откако сите европски земји-членки на УЕФА го одбија и се заканија дека ќе ги бојкотираат светските првенства, а им се придружија и Азиската фудбалска конфедерација и КОНКАКАФ (Фудбалска организација на Централна и Северна Америка).

Сега, по сето тоа, го чекаат нови избори, каде што би можел да ја изгуби функцијата претседател на ФИФА.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести