back to top
16.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Славески: Од утре плаќањата во евра ќе бидат поевтини и побрзи

Други наслови

Од утре, земјата практично ќе стане дел од Единствената европска платежна зона (SEPA), во кој случај граѓаните и компаниите ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како во земјите од Европската Унија.

„Од утре, 7 октомври, плаќањата во евра со земјите од Единствената евро платежна зона (SEPA) ќе бидат околу 6 пати поевтини и побрзи! Плаќање од 500 евра, кое досега чинеше околу 1.600 денари, од утре ќе чини околу 260 денари.“

„SEPA значи побрзи, поевтини и побезбедни плаќања во евра за граѓаните и компаниите“, напиша гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денес на платформата „X“.

На 6 март оваа година, Европскиот совет за плаќања ја прифати апликацијата на нашата земја, со што станавме членка на SEPA, што им овозможува на домашните банки да бидат вклучени во шеми за плаќање преку кои се вршат плаќања во евра, во географска област што вклучува 40 земји-членки.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести