back to top
23.8 C
Skopje
петок, 2 октомври , 2026

Случај „Пулс!“ – Притворот на Дејан Јованов продолжен за 30 дена

Други наслови

На Д.Ј. од Кочани, првообвинетиот во случајот „Пулс“, му е изречена нова мерка притвор од 30 дена, соопшти Основниот кривичен суд во Скопјe.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на јавниот обвинител од Јавното обвинителство за кривично гонење за организиран криминал и корупција, откако осомничениот се јави во присуство на неговиот бранител и беа разгледани фактите и доказите приложени кон предлогот.

Притворот е одреден поради ризик од бегство, како и поради основаниот страв дека осомничениот би можел да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците.

Новата мерка почнува да се спроведува на 3 октомври 2026 година, бидејќи диџејот моментално е во притвор во случајот поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“.

Во новоотворената истрага, Д.Ј. е осомничен за кривично дело „давање поткуп“, согласно член 358, став 1 од Кривичниот законик.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести