back to top
5.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Спектакуларен трансфер на повидок, Нејмар се враќа во Европа?

Други наслови

Некогаш еден од најдобрите фудбалери во светот, Бразилецот Нејмар би можел да направи спектакуларно враќање во Европа.

Имено, според британските медиуми, Нејмар се поврзува со Манчестер Јунајтед.

Исто така, се поставува прашањето дали 33-годишниот Бразилец, по серијата повреди во последните сезони, е подготвен за предизвиците на Премиер лигата.

Нејмар, најдобриот стрелец на бразилската репрезентација во историјата (79 гола на 128 натпревари), моментално игра за својот роден Сантос.

И покрај болките и советите од лекарите, тој прави сѐ што може за да го спаси клубот од испаѓање. Тој се врати во Бразил во јануари по раскинувањето на договорот со саудискиот Ал-Хилал и долгата рехабилитација поради повреда на лигаментите на коленото.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести