back to top
27.8 C
Skopje
недела, 20 септември , 2026

Срушен рекорд: Ждребе на аукција во Франција достигна цена од 4,6 милиони евра

Други наслови

Ждребето на францускиот одгледувач „Стала Монсо“ постигна нов ценовен рекорд на престижната аукција на едногодишни ждребиња во Довил, каде што беше продадено за 4,6 милиони евра.

Според организаторите на аукцијата, Нормандија „уште еднаш ги напиша рекордите“, надминувајќи го својот претходен рекорд од три милиони евра, кој беше поставен минатата година, пренесува Фигаро.

Родено од кобилата Дедли Најтшејд и пастувот Вутон Басет, ждребето било продадено на ирскиот милијардер МВ Маниер и американската штала „Вајт Бирч Фарм“.

Едногодишните англиски чистокрвни коњи се наменети за трки на рамни патеки.

Августовските распродажби во Довил, во северозападна Франција, се меѓу најпрестижните во Европа и привлекуваат купувачи од целиот свет.

Според организаторите, на аукциите биле продадени 236 коњи стари една година, за кои новите сопственици платиле повеќе од 65 милиони евра, со просечна цена близу 278.000 евра.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести