Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) повика на нов протест на 1 мај, Меѓународниот ден на трудот, кој ќе започне во 11:00 часот во Работничкиот центар во Скопјe, овојпат под мотото „Се бориме за плати, не се молиме“.
„Работничката борба не е само протест, штрајк, блокада, таа е континуирана борба на работниците и синдикатите за зачувување и унапредување на работничките права. 1 мај, Меѓународниот ден на трудот, е денот кога протестите и демонстрациите се должност кон работничката борба во минатото и обврска кон работничката борба во иднина. Од 2018 година, Сојузот на синдикати на Македонија организира масовен работнички протест секоја година на 1 мај, Меѓународниот ден на трудот“, соопшти ССМ.
Затоа, тие повикуваат на солидарност и од работниците за кои, како што велат, синдикатите веќе се бореа за зголемување на платите на нивните работници.
„Солидарноста на работниците не треба да има граници, денес се бориме за оние со најниски плати, утре за сите нас. Затоа, на 1 мај, да бидеме солидарни, гласни, обединети и решителни. Повикуваме на протест, повикуваме да застанеме рамо до рамо со нашите колеги и да покажеме дека гласот на работниците не може да се игнорира“, додаваат оттаму.
