back to top
5.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

СТРАШНИ СЛИКИ – ЏИПОТ ЦЕЛОСНО СМАЧКАН: Првите слики од местото на морничавата несреќа на познатиот голман

Други наслови

Трагичните детали од несреќата во која загина Александар Манингер (48) дополнително ја потресоа спортската јавност.

Несреќата се случила во Нусдорф на Хаунсберг, на север од покраината Салцбург, родното место на легендарниот голман.

Според полицискиот извештај, Манингер се обидел да го вози својот автомобил преку необезбеден премин на локалната железница во Салцбург.

Возот удрил директно во возилото, а поради силата на ударот и брзината на композицијата, автомобилот бил турнат стотици метри пред возот да застане.

Фотографиите од местото на настанот сведочат дека Манингер, за жал, немал шанси да го преживее овој ужасен судир.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести