back to top
15.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Судијата Гоце Наумовски, од Уставниот суд на Северна Македонија, поднесе оставка од функцијата

Други наслови

Наумовски беше избран за уставен судија од Собранието на Северна Македонија на 18 февруари годинава со 63 гласа „за“, седум „против“ и без ниеден „воздржан“.

Судијата Гоце Наумовски, од Уставниот суд на Северна Македонија, поднесе оставка од функцијата, пренесува Анадолу.

Од Уставниот суд соопштија дека Наумовски официјално не доставил оставка до институцијата, но дека претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши, без да биде информиран за причините за оставката.

„До судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денес беше отсутен од седницата. Официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието“, соопшти Уставниот суд.

Наумовски беше избран за уставен судија од Собранието на Северна Македонија на 18 февруари годинава со 63 гласа „за“, седум „против“ и без ниеден „воздржан“.

По заминувањето на Наумовски, Уставниот суд ќе остане со седум судии.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести