back to top
26.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Сцени од Германија како да е среде зима: Наврнаа 15 сантиметри снег, температурата одеднаш падна од 36 на 19 степени (фото)

Други наслови

По силниот топлотен бран, Германија беше погодена од силни бури во понеделникот навечер, придружени со бурен ветер и голем град, кој покри некои места со бело ќебе за само неколку минути.

Во регионот Хунсрик, пејзажот целосно побели, потсетувајќи на зимски пејзажи. Во градот Хајмбах на западот од Германија падна град со дијаметар до 4 сантиметри, а на земјата се формираше слој мраз висок и до 15 сантиметри. За време на бурата, температурата на воздухот драстично се намали за многу краток временски период, од топли 36 на пријатни 19 степени Целзиусови.

Еден од жителите на Хајмбах ја опиша оваа необична ситуација за германските медиуми со доза на хумор:

„Се појави од никаде. Имаме куп кршен мраз, па ако некому му треба, слободно нека дојде и ќе го земе. Прво беше 36 степени, но сега е пријатно. Слојот мраз е висок 15 сантиметри, а сега го тргаме целиот со лопата настрана“, рече мештаните.

Силните ветрови и бури предизвикаа и сериозни проблеми во сообраќајот, пред сè во железничкиот сообраќај. Во близина на градот Швелм во Северна Рајна-Вестфалија, паднато дрво ја оштети контактната мрежа, предизвикувајќи блокирање на возовите на пругите. Железничкиот сообраќај беше привремено прекинат и на делницата помеѓу Дортмунд и Витен.

Според најавите на Германската метеоролошка служба (DWD), опасноста од силни бури се заканува и во текот на остатокот од неделата. Сепак, во некои делови од земјата, температурите ќе продолжат да се искачуваат близу 40 степени Целзиусови, додека поцелосно и стабилно заладување се очекува само во текот на среда и четврток.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести