back to top
12.8 C
Skopje
среда, 14 октомври , 2026

Тенкови на приодите кон Белград, Вучиќ организира воена парада и покрај најавените студентски протести

Други наслови

На социјалните мрежи циркулираат снимки од тракторски возови кои превезуваат тенкови на приодите кон Белград, што предизвика загриженост кај голем број граѓани поради сè помасовните студентски демонстрации.

Тенковите се носат во Белград за да учествуваат во подготовките за воената парада „Силата на единството“, која треба да се одржи на 20 септември во Белград.

Поради организацијата на воената парада, делови од Белград се дополнително блокирани, а некои од демонстрантите споделуваат содржини со кои бараат блокирање на организацијата на овој настан.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја најави парадата уште во јули, нагласувајќи дека тоа ќе биде можност да се демонстрираат воените способности на српската армија, кои досега не се покажани.

„Во изминатите месеци работевме многу на опремување, модернизација и зајакнување на српската армија, повеќе од кога било досега. Ќе одржиме голема воена парада, за да можете да видите што луѓето не знаат дека имаме. Го криевме тоа, ова се огромни промени во српската армија во наредниот период“, рече Вучиќ.

По воената парада, од 23 до 26 во Белград ќе се одржи саем за оружје и воена опрема наречен „Партнер-25“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести