Американскиот милијардер Илон Маск објави дека секое дете во Соединетите Американски Држави ќе добие две акции од неговата компанија SpaceX – една од компанијата, а другата од него лично.
„Секое дете во Америка ќе добие две акции од SpaceX: една од компанијата и една од мене лично“, напиша Маск на социјалната мрежа X.
Во октомври, Маск вети дека во 2027 година ќе додели по една акција од SpaceX на секое дете во САД.
Според податоците на CNBC, Маск поседува околу 4,8 милијарди акции од компанијата, додека на 1 јули 2025 година во САД живееле околу 72 милиони деца под 18 години.
