Кралицата Камила откри дека е многу иритирана од навиката на кралот Чарлс да се смее гласно додека таа чита книга навечер.
Кралскиот пар е во брак повеќе од две децении и долго време имаат свои ритуали и дневна рутина, а еден од нив е читањето пред спиење.
Во новиот документарец насловен „Книгата што ми го промени животот“, кралицата Камила размислуваше за својата љубов кон литературата, но откри и еден детаљ што често ги расипува нејзините моменти на релаксација со добро четиво. Додека навечер поминуваат време читајќи, концентрацијата на кралицата повремено е нарушена од гласната реакција на кралот Чарлс .

– Понекогаш, кога сум целосно внесена со книга, одеднаш го слушам Чарлс како гласно се смее. Може да биде доста иритички и одвратен. Ќе изгубам фокус, па или не можам да се вратам во фокусот, или одеднаш почнувам да плачам – рече Камила.
Во таа прилика, таа се потсети на своето детство и образование, нагласувајќи дека рано го напуштила училиштето, во време кога високото образование не било вообичаено за жените, и дека нејзиното вистинско образование всушност дошло од книгите.
