back to top
6.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Трагедија на Светското првенство: Коди Гакпо и неговата партнерка ја објавија загубата на неродениот син

Други наслови

Холандскиот репрезентативец и играч на Ливерпул, Коди Гакпо, и неговата партнерка Ноа ван дер Биј доживеаа семејна трагедија на средина од Светското првенство.

Имено, само два дена пред натпреварот од нокаут фазата на Светското првенство, Гакпо и неговата партнерка објавија дека го загубиле синот за време на бременоста.

Во меѓувреме, Холандија, како првопласирана во групата, се подготвува за дуел со Мароко.

Трагичната вест ја потврди девојката на Гакпо, Ноа ван дер Биј, на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од бебето во раце. Двојката ја сподели веста за новодојденецот во своето семејство со јавноста пред само четири недели.

„Со скршено срце ја споделуваме веста дека нашето мало момче почина за време на бременоста. Ви благодариме за целата ваша поддршка“, напиша таа во објавата, откривајќи дека го крстиле својот син Елија Рафаел Гакпо.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести