СВРбТетово соопштува дека во село во Гостивар се случила трагична сообраќајна несреќа во која едно лице го загубило животот.
„На 30.12.2025 година околу 15:15 часот, во СВР Гостивар е пријавено дека во селото Долна Бањица во Гостивар, М.К. (69) од истото село, управувајќи трактор „ИМТ“ со приколка, изгубил контрола и се превртел.
Од здобиените повреди, М.К. починал на местото на настанот, додека лекарот од Итната помош во Гостивар ја констатирал неговата смрт.
„По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е испратено на обдукција, додека увид на местото на настанот изврши екипа на ДПБ од Гостивар“, се наведува во соопштението на СВР Тетово.
