back to top
9.8 C
Skopje
недела, 18 октомври , 2026

Трамп ги угости Кристијано Роналдо и Илон Маск во Белата куќа: Вечерата се претвори во шоу

Други наслови

Светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо присуствуваше на вечера во Белата куќа заедно со престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, и американскиот милијардер и сопственик на „Тесла“, Илон Маск.

Пред настанот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е чест да биде домаќин на Роналдо , кој со својата улога во саудиската фудбалска лига стана лице на модернизацијата на земјата под водство на престолонаследникот, објави денес Би-Би-Си.

Претставник на Белата куќа претходно го потврди присуството на Роналдо, но не прецизираше дали тој бил дел од официјалната делегација на Бин Салман.

За време на говорот, Трамп ги пофали поблиските врски со Саудиска Арабија и ја нарече „важен партнер надвор од НАТО“, истакнувајќи дека неговиот син е голем обожавател на Роналдо.

На вечерата присуствуваа Илон Маск , како и водечки бизнис лидери, вклучувајќи го и извршниот директор на „Епл“, Тим Кук.

Трамп ги угости Кристијано Роналдо и Илон Маск во Белата куќа: Вечерата се претвори во шоу

Роналдо претходно го нарече Бин Салман „шеф“ во едно интервју и учествуваше на настани на саудиското Министерство за туризам, истакнувајќи ги амбициите на Саудиска Арабија за Светското првенство во 2034 година.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести