back to top
12.8 C
Skopje
среда, 14 октомври , 2026

ТРАМП КОНДОМ ЗА 4,5 ДОЛАРИ: Американскиот претседател „не знае ништо“ за новите фотографии со Епштајн! „ОГРОМЕН сум“ (ФОТО)

Други наслови

„Не го видов, но сите го познаваа тој човек, беше насекаде во Палм Бич“, рече Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не знае ништо“ за најновите фотографии поврзани со Џефри Епштајн, одговарајќи на прашање од новинарите додека го потпишуваше законот во Овалната соба.

„Не го видов, но сите го познаваа тој човек, беше насекаде во Палм Бич“, рече Трамп. „Има слики со сите. Стотици и стотици луѓе имаат слики со него. Не е ништо посебно, не знам ништо за тоа.“

Девојки на Доналд Трамп.jpg

Фотографија: Принтскрин X

Трамп е на три објавени фотографии

Трамп се појавува на три фотографии објавени претходно денес од демократите во Комитетот за надзор на Претставничкиот дом. Во нив се нагласува дека самото појавување на фотографиите не укажува на нелегално однесување, а Трамп постојано негираше каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.

Американскиот претседател претходно призна дека бил во пријателски односи со Епштајн, но тврди дека се скарале на почетокот на 2000-тите, години пред Епштајн да биде првпат уапсен.

Да ве потсетиме дека демократите од Надзорниот комитет на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес објавија нови фотографии од имотот на Џефри Епштајн, покојниот милијардер педофил, на кои се прикажани многу моќни личности од кругот на неговите блиски пријатели, меѓу кои претседателот Доналд Трамп, поранешниот претседател Бил Клинтон, Стив Бенон, Бил Гејтс, Ричард Бренсон и други.

Многу од мажите претходно биле поврзани со Епштајн, но фотографиите би можеле да фрлат нова светлина врз степенот на нивната врска, објави Си-Ен-Ен.

Девојки на Доналд Трамп.jpg

19-те објавени слики, за кои одборот тврди дека потекнуваат од имотот на Епштајн, потврдуваат дека финансиерот во минатото бил поврзан со широк спектар на моќни и познати луѓе, чии врски со него сега се предмет на сериозна проверка.

Една фотографија прикажува чинија со хумористични „новинарни“ кондоми украсени со карикатура од лицето на Трамп; до чинијата е натписот „Трамп кондом 4,50 долари“, а секој кондом има слика од Трамп со текст “I’m HUUUUGE!”  („ О000000ГРОМЕН СУМ!“).

Друга фотографија го прикажува Трамп со шест жени кои носат хавајски венци, но лицата на жените се редигирани од страна на комисијата. Други фотографии ги прикажуваат Стив Бенон и Епштајн како позираат заедно во огледало, Бил Клинтон со Епштајн, Гислен Максвел со уште еден пар и милијардерот Бил Гејтс со поранешниот принц Ендру.

Поранешниот претседател на Харвард, Лари Самерс, и адвокатот Алан Дершовиц, исто така, се појавуваат на фотографиите од имотот. Ниту една од објавените слики не покажува сексуално вознемирување, ниту се верува дека прикажува малолетници. Не беше веднаш јасно кога и каде се направени фотографиите, ниту кој ги направил.

Комитетот предводен од републиканците ги добил сликите од имотот на Епштајн како дел од својата тековна истрага. Одборот досега објавил десетици илјади документи, е-пошта и комуникации што ги добил од имотот на Епштајн, кои продолжуваат да отвораат нови правци на истрага.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести