back to top
17.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Трамп: САД имаат целосна контрола врз Ормускиот теснец

Други наслови

Доналд Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз Ормускиот теснец, еден од најважните морски патишта за глобален транспорт на нафта.

Зборувајќи за нуклеарната програма на Иран, американскиот претседател рече дека Техеран не може да го задржи збогатениот ураниум и предупреди на строги мерки против неа.

„Имаме целосна контрола врз Ормутскиот теснец. Иран не може да го задржи својот високо збогатен ураниум. Откако ќе го добиеме, најверојатно ќе го уништиме. Не го сакаме“, рече 79-годишникот.

Неговите изјави доаѓаат во време на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран, особено околу иранската нуклеарна програма и безбедноста во Персискиот Залив.

Инаку, врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, нареди резервите на високо збогатен ураниум да не се отстрануваат од иранска територија, одлука што би можела дополнително да ги оптовари преговорите со САД околу нуклеарната програма и регионалната безбедност.

Според ирански извори, пред избувнувањето на неодамнешната војна во регионот, Техеран сигнализирал подготвеност да извезе дел од својот ураниум збогатен до 60 проценти како дел од можен дипломатски компромис.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести