Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да го „реши прашањето со Куба“ пред да ја напушти функцијата, нагласувајќи дека „дефинитивно ќе ја разгледа“ можноста за употреба на воена сила против островската нација.
На прашањето дали ќе одобри воена интервенција пред крајот на неговиот претседателски мандат, Трамп одговори: „Сакам да го решам прашањето со Куба пред да заминам“.
„Ја следиме ситуацијата многу внимателно. Нејзината состојба е многу лоша. Во суштина, тоа е пропадната држава“, рече Трамп.
Тој го пофали американскиот државен секретар Марко Рубио, чии родители се од Куба, истакнувајќи дека „многу би сакал да го направи ова“.
„Многу би сакал да можам да го направам ова во интерес на народот, за Кубанците кои дојдоа и беа третирани многу лошо, а дојдоа во Америка“, рече тој.
