back to top
19.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Трамп сепак се согласи

Други наслови

Индиректни преговори меѓу Иран и Соединетите Американски Држави ќе се одржат утре во главниот град на Оман, Мускат, објави иранската новинска агенција Тасним.

Агенцијата, исто така, наведува дека опсегот на претстојните индиректни преговори ќе биде ограничен на нуклеарното прашање и укинувањето на санкциите против Иран. 

Во извештајот се додава дека на разговорите ќе присуствуваат иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, и специјалниот претставник на американскиот претседател, Стивен Виткоф.

Американскиот портал „Аксиос“ претходно денес објави, повикувајќи се на двајца американски претставници, дека 
Соединетите Американски Држави му соопштиле на Иран дека нема да се согласат со барањата на Техеран за промена на местото и форматот на преговорите планирани за утре.

Според нивните изјави, спорот околу условите на преговорите би можел да го блокира дипломатскиот процес и да го охрабри американскиот претседател Доналд Трамп да се одлучи за воена опција .

САД и Иран претходно се согласија да одржат разговори во Истанбул во петок, а другите земји од Блискиот Исток ќе учествуваат како набљудувачи.

Сепак, иранската страна во вторникот побара разговорите да се преместат во Оман и да бидат билатерални, со цел да се фокусираат исклучиво на нуклеарните прашања, а не на теми како што е ракетната програма, кои се приоритет за САД и земјите од регионот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести