Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за американските медиуми дека американската блокада на иранските пристаништа создава дополнителен притисок за постигнување договор.
Според него, САД и Иран се приближуваат кон „многу добар, силен и моќен договор“ што би ставил крај на непријателството и војната што Вашингтон, со поддршка на Израел, ја води против Иран.
„Ако почнеме да бомбардираме, што можеме многу лесно да го направиме ако сакаме, и ако поминеме уште две или три недели бомбардирајќи, нема да им остане апсолутно ништо, но теснецот нема да биде отворен со месеци“, рече Трамп.
Како што вели тој, ако има бомбардирање, тоа значи дека многу луѓе ќе умрат, а тој тоа не го сака и додава: „Ќе имаме потпишан документ кој всушност е посилен од самото бомбардирање“.
„Она што се покажа како многу моќна алатка е блокадата. Се испостави дека блокадите се многу помоќни од бомбардирањето, а всушност тоа беше комбинација од нашиот почетен напад, а потоа и блокадата, но знаете, нивната економија навистина страда и тие ќе склучат договор“, заклучи Трамп.
