back to top
13.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Три церемонии на отворањето на Светското првенство: Кети Пери е една од ѕвездите

Други наслови

Според „Атлетик“, ФИФА ќе организира три церемонии на отворање за Светското првенство во 2026 година, а една од главните ѕвезди на програмата во САД ќе биде Кети Пери.

Првенството започнува на 11 јуни во Мексико Сити со натпревар помеѓу Мексико и Јужна Африка на стадионот „Ацтека“. Еден ден подоцна, САД играат против Парагвај на стадионот „СоФи“ во Инглвуд, додека Канада го отвора натпреварот со Босна и Херцеговина на „БМО Филд“ во Торонто.

Според истиот извештај, секоја од трите земји домаќини ќе добие посебна церемонија пред нивниот прв натпревар од групната фаза. Програмите треба да траат помеѓу 13 и 17 минути и да започнат 90 минути пред почетокот на натпреварите.

Кејти Пери треба да настапи на отворањето на американскиот натпревар, а со неа треба да настапат и Фјучр, Санџој, Лиса и Марилина Богадо како претставничка на Парагвај.

За церемонијата во Мексико е најавено дека главна ѕвезда ќе биде групата Maná, додека меѓу имињата за канадскиот дел од програмата се Мајкл Бубле, Аланис Морисет и Алесија Кара .

ФИФА планира да ја одбележи 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави за време на два натпревари од осминафиналето закажани за 4 јули во Филаделфија и Хјустон. Деталите за тие настани, како и распоредот на настапите на некои од другите изведувачи, сè уште не се објавени.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести