back to top
10.8 C
Skopje
недела, 18 октомври , 2026

Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради руските напади

Други наслови

Украина повика на итна седница на Советот за безбедност на ОН и на состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) по масовните руски воздушни напади, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски информираше дека бројот на жртви по нападот врз Киев кој се случи ноќеска, се искачил на 4 лица, а околу 100 луѓе се повредени низ целата земја. Само во Киев, околу 30 станбени згради се оштетени или уништени.

Руските сили започнаа комбиниран напад со ракети и беспилотни летала во голем обем во текот на ноќта на 24 мај, насочен главно кон Киев и околниот регион, предизвикувајќи жртви и уништување низ целиот главен град.

Националниот музеј на уметноста, еден од најстарите и најважните музеи во Украина, беше оштетен од бранот експплозии соопшти Министерството за култура на Украина. Колекцијата, која опфаќа од класична до современа уметност, не била оштетена.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија лансирала 90 ракети и 600 беспилотни летала во напад што траел неколку часа, што го прави нападот еден од најголемите во последната година. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, вели дека има штета „во секој округ од градот“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести