Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека Украина го прогласи Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) за терористичка организација.
„Украина ги поддржува нациите кои ја ценат слободата и се навистина подготвени да се борат за неа. Целиот свет гледа што се случува во Иран, обемот на убиствата и колку иранскиот режим инвестирал во ширењето војна и насилство низ целиот регион и светот. Украина нема да заборави ниту еден од илјадниците беспилотни летала „Шахед“ што ги погодија нашите градови и села, нашите луѓе“, рече Зеленски.
Зеленски истакна дека оваа одлука е во согласност со потегот на Европската Унија да ја „прогласи една од главните организации на иранскиот режим за терористичка, Исламската револуционерна гарда“.
„Во Украина веќе донесовме таква одлука и ја прогласивме оваа организација за терористичка. За нас ова прашање е затворено. Сите терористи во светот заслужуваат ист третман и осуда, никој не треба да има привилегирана позиција“, рече тој.
ИРГК е воена гранка на извршната власт на Иран со огромно влијание и авторитет, која работи паралелно со редовната армија.
На 29 јануари, Европската Унија ја прогласи ИРГК за терористичка организација.
