back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

УРСУЛА РАЗГОВАРАЛА СО УНГАРЕЦОТ: Унгарија се враќа во срцето на Европа

Други наслови

„За нивниот глас, нивното достоинство и нивната иднина во безбедна, просперитетна Унгарија во рамките на силна Европа“, се вели во него.

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денес објави дека разговарала со победникот на парламентарните избори во Унгарија, Петер Маѓар, за следните чекори во политиката на земјата и нејзиниот однос со Европската Унија (ЕУ).

„Тукушто повторно разговарав со новоизбраниот премиер. Унгарија е повторно во срцето на Европа, каде што отсекогаш припаѓала“, напиша фон дер Лајен на X.

Урсула Фон Дер Лејен Марк Руте (3).jpg

Во соопштението се наведува дека победата на изборите е, пред сè, момент за унгарскиот народ.

„За нивниот глас, нивното достоинство и нивната иднина во безбедна, просперитетна Унгарија во рамките на силна Европа“, се вели во него.

Фон Дер Лајен разговараше за „непосредните приоритети“ со Унгарецот.

„Потребна е брза работа на реконструкција, реорганизација и реформи. Враќање на владеењето на правото. Усогласување со нашите заеднички европски вредности. И реформи, со цел да се отклучат можностите што ги нудат европските инвестиции“, се заклучува во соопштението.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести