Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, објави дека ќе го номинира актуелниот градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски, за нов потпретседател на партијата.
Тој рече дека СДСМ дополнително зајакнува и дека Герасимовски како личност ја има довербата на граѓаните.
„СДСМ станува сè посилна. Со задоволство ги информирам членовите дека ќе го номинирам Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ. Горани е човек кој со неуморна работа, посветеност и одговорност ја заработи довербата на граѓаните на Општина Центар. Победата и добивањето на втор мандат како градоначалник се најдобар доказ дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се ценат. Убеден сум дека Горани, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе донесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе придонесе за градење на уште посилна СДСМ. Да продолжиме заедно, со посветеноста и новата енергија на целиот наш тим, за подобра иднина за Македонија“, напиша Филипче на социјалните мрежи.
