back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Филипче: Мицкоски денес потврди предавство на македонските национални интереси

Други наслови

„Премиерот Христијан Мицкоски денес потврди предавство на македонските национални интереси“, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче нагласи дека политиките на владата јасно покажуваат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не сака Македонија да биде членка на Европската Унија.

„Мицкоски денес потврди предавство на македонските национални интереси. Денес потврди дека не сака земјата да влезе во Европската Унија и дека ќе ја држи во изолација подалеку од Европа“, рече Филипче.

Тој додаде дека ваквите политики значат дека потребните реформи нема да бидат спроведени и дека нема да има контрола врз грабежите што ги спроведува владата.

„Ова значи дека нема реформи, значи дека нема контрола од Европа и според него, ова ќе трае, доколку е потребно, со децении. Ова е потврда за сè што кажавме во изминатиот период. Тој сака да ги држи идните генерации, децата, сите граѓани како заложници. Зошто? За да можат да ги ограбуваат парите на народот без контрола, преку тендери“, рече Филипче.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести