back to top
9.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е прифатен од Европската Унија

Други наслови

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го обвини премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека лаже кога тврди дека македонскиот јазик е загрозен.

Филипче изјави дека македонскиот јазик е јасно признат во Европската Унија и дека тоа е наведено во преговарачката рамка.

„Премиерот споменува идентитет, јазик и така натаму, а ова е само уште една тема на која гледаме дека овој човек е лажго. Премиерот лаже“, рече Филипче.

Тој потсети дека Мицкоски претходно тврдел дека Македонија нема да добие датум за преговори со владата на Зоран Заев, а потоа, според него, зборувал и лажно за Преспанскиот договор и наводното загрозување на македонскиот јазик.

„Францускиот предлог, Преговорната рамка, јасно го дефинира македонскиот јазик. Не го дефинира со фуснота, ниту како што е цитирано во Уставот. Го дефинира чистиот македонски јазик“, нагласи Филипче.

Тој додаде дека граѓаните треба да ја знаат вистината и оцени дека премиерот се претставува како голем патриот, додека, според него, манипулира со темата за идентитетот и јазикот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести