back to top
18.8 C
Skopje
понеделник, 21 септември , 2026

Филипче: Црна Гора доби 3,2 милијарди евра грантови од ЕУ, нашата влада се фали со 50 милиони

Други наслови

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нагласи дека таканаречената „Платформа“ е обид да се одвлече вниманието на јавноста од, како што рече, „тоталниот дебакл на владата“, нагласувајќи дека наместо да се зборува за неуспесите на владата, фокусот повторно е на СДСМ.

„Што се постигнува? Целосно дефокусирање. Наместо да разговараме за овој владин дебакл, изолацијата од Европа, проруските влијанија во нашата земја, проруските ставови на владата на Христијан Мицкоски, лично, дебаклот со буџетот, недостатокот на пари за пензии, плати, социјални трансфери, земјоделство и така натаму, ултраскапите кредити, вклучувајќи го и унгарскиот, ние повторно дебатираме за себе“, рече Филипче на „Сител“.

Според Филипче, ребалансот на буџетот е јасен доказ за економскиот дебакл на владата на Мицкоски.

„Огромно зголемување на дефицитот, не се предвидени пари за соодветно зголемување на пензиите, пензионерите се предадени, дури ни за зголемување на платите. Нема доволно пари за субвенции во земјоделството. Нема доволно пари за зголемување на социјалните трансфери. Сè е статус кво“, нагласи Филипче.

Според Филипче, додека регионот оди напред и користи милијарди евра од европските фондови, Македонија заостанува и губи пари, реформи и време.

„Вистинскиот развој доаѓа од неповратните средства на Европската Унија. И така сите земји се променија и се развија. Грција, Бугарија, Хрватска користеа милијарди евра од Европа“, рече Филипче.

Тој рече дека Владата се гордее со 50 милиони евра, додека Црна Гора нуди 3,2 милијарди евра грантови. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести