back to top
16.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Фонд за здравство: Пријавете ги аптеките што одбиваат лекови на рецепт

Други наслови

Секоја аптека мора да ги има лековите што се на позитивната листа и што се издаваат со рецепт, нагласи денес генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Тој ги повика граѓаните да пријават во Фондот, преку информативната е-пошта или информативниот формулар, доколку аптеката одбие да обезбеди лек на рецепт.

„Секој лек на позитивната листа мора да се издава со рецепт“, додаде Клековски, одговарајќи на прашање од новинарите по прес-конференцијата во Владата, на која го презентираше новото проширување на позитивната листа со три нови антикоагулантни лекови – еноксапарин, надропарин и ривароксабан.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести