back to top
8.8 C
Skopje
недела, 15 ноември , 2026

Франција повторно на нозе: Над 100.000 демонстранти против високите трошоци за живот

Други наслови

Франција се соочува со нов бран масовни протести, откако околу 106.000 граѓани излегоа на улиците низ земјата, незадоволни од високите животни трошоци и состојбата во јавните услуги.

Според германскиот медиум Deutsche Welle, протестите се одржуваат петти викенд по ред, а само во Париз учествувале околу 24.000 луѓе.

Незадоволството, кое првично беше поврзано со недоволното финансирање на образованието, постепено прерасна во пошироко социјално движење.

Граѓаните бараат подобри услови во училиштата, поголема куповна моќ и поефикасни јавни услуги.

Протестите се сериозен политички предизвик за француските власти, особено во пресрет на претседателските избори во 2027 година.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести