Хали Бери ја пофали водителката Гејл Кинг за тоа што проговори за неверството на нејзиниот поранешен сопруг Вилијам Бампус. Актерката, исто така, се потсети на своето болно искуство со неверството.
Хали Бери беше гостинка во емисијата „Today With Jenna & Sheinelle“ , каде што зборуваше за различни теми. Меѓу другото, дамите се осврнаа и на љубовните врски , кои се многу популарни во светот на познатите личности.
Разговорот на оваа тема беше поттикнат од неодамнешното појавување на водителката Гејл Кинг во подкастот „Call Her Daddy“, во кој таа се потсети на моментот во 1990 година кога го фатила својот тогашен сопруг како ја изневерува со пријателка.
Нејзината болна приказна го поттикна и Бери да се потсети на своето искуство со музичарот Ерик Бенет, кој призна дека изневерил во 2002 година.

„Се сеќаваш на секој детаљ од целата ситуација и таа останува со тебе засекогаш“, рече Бери. Таа додаде дека споделувањето на вакви искуства може да биде лековито: „Катарзично е кога всушност можеш да го споделиш со некого“.
Бери нагласи дека во тоа време не зборувала јавно за своето лично искуство со аферата , но дека не се чувствувала засрамена. „Разговарав за тоа со пријателки и други жени“, објасни таа.
Бидејќи децата беа вмешани во целата ситуација, таа не сакаше јавно да го изрази својот гнев кон нејзиниот тогашен сопруг, но
разговорот со луѓе блиски до неа ѝ помогна .
„Тоа е она што ми требаше“, заклучи актерката.

