back to top
12.8 C
Skopje
сабота, 10 октомври , 2026

Хаос во Америка, откажани повеќе од 700 летови: Хаос на аеродромите поради затворање на федералната влада

Други наслови

Повеќе од 700 летови низ Соединетите Американски Држави беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за воздухопловство (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради финансиското затворање на владата , објавија американските медиуми.

Досега се откажани 754 летови низ целата земја, а вкупниот број би можел да ја надмине бројката од петокот од 1.024 до крајот на денот, објавува ABC News.

Покрај бројните откажувања, на аеродромите низ Америка продолжуваат значителни доцнења на летови поради проблеми со недостаток на персонал во центрите за контрола на летање.

Аеродром во САД.jpg

Министерот за транспорт Шон Дафи предупреди дека ќе има повеќе намалувања на летовите ако продолжи блокадата на владата.

– Се надевам дека финансиската блокада на владата наскоро ќе заврши и дека ќе можеме повторно да им дозволиме на Американците да патуваат – изјави тој за ABC.

Дафи додаде дека е можно Министерството за транспорт да побара од авиокомпаниите да откажат повеќе од 10 проценти од летовите ако продолжи недостигот на контролори на летови.

Тој рече дека ФАА побарала од приватните авиони да избегнуваат користење на аеродромите погодени од намалениот број летови, иако не им е забрането да го прават тоа.

Дафи рече дека приватните компании соработуваат и избираат алтернативни аеродроми за да го намалат притисокот.

Според министерот, ФАА одлучила да не го намалува бројот на меѓународни летови бидејќи тоа би претставувало кршење на меѓународните договори со други земји.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести