back to top
26.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Холандскиот пејач Бен Сондерс пронајден мртов во езерото Арнем, на 43-годишна возраст

Други наслови

Холандскиот пејач Бен Сондерс, кој имаше 43 години, беше пронајден мртов во рекреативното езеро Ријкерсвердсе Пласен во јужниот дел на Арнхем. Неговата смрт ја потврди неговото семејство.

Причината за смртта сè уште не е објавена. Според холандскиот јавен сервис НОС, полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт или кривично дело.

Братот на Сондерс, Дин Сондерс, се збогува со него во емотивна објава на Инстаграм, заедно со фотографија од нив двајцата кога биле деца.

„Мојот драг мал брат почина. Никогаш порано не сум почувствувал ваква болка“, напиша Дин. Тој додаде дека ова е „страшен ден“ за целото семејство и изрази надеж дека нивната болка ќе биде третирана со почит.

„Бен имаше прекрасно семејство и роднини кои го сакаа неизмерно. И јас секогаш ќе го сакам. Бен е во моето срце и ќе остане таму засекогаш“, рече неговиот брат.

Бен Сондерс стана познат на пошироката јавност во Холандија по победата во првата сезона на музичкото натпреварување „Гласот на Холандија“ во 2011 година.

Неговиот најголем хит беше песната „Kill For A Broken Heart“. Во текот на својата кариера, тој издаде два албума – „You Thought You Knew Me by Now“ во 2011 година и „Heart & Soul“ во 2012 година.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести