Неочекуваното соопштение за роденденот предизвика бројни реакции од обожавателите.
Актерот Џон Стамос го прослави својот 63-ти роденден на 19 август , а по тој повод, ги почасти своите следбеници со необична објава на Инстаграм, која, како што се очекуваше, привлече големо внимание. Тој објави црно-бело селфи на кое позира без облека , со лицето покриено со мобилен телефон.
Селфито е направено во бањата, пред огледалото, а сликата е внимателно врамена за да привлече внимание, но да не открие премногу.
Еден од актерите познат како холивудски заводник покажа дека е во одлична форма дури и на почетокот на седмата деценија , а самиот претходно зборуваше дека е свесен дека старее, но дека не се чувствува така бидејќи се грижи за себе.
Сега тој го докажа тоа, а еден од неговите следбеници остави коментар цитирајќи ја неговата позната реплика: „Боже, имај миилост !“ .
Тој еднаш откри дека вежба три до четири пати неделно и дека внимава на квалитетниот сон, како и дека неговата сопруга го променила на подобро, но дека никогаш не би ја запознал доколку не престанел да пие алкохол пред десет години.
Тој е во брак со актерката и модел Кејтлин Мекхју од 2018 година , со која имаат син, Били. Претходно беше во брак со моделот и актерка Ребека Ромен од 1998 до 2005 година.

