back to top
8.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Хотелите во Струга ќе бидат отворени до 2 или 3 часот наутро

Други наслови

Хотелските објекти во Струга ќе можат да работат еден час подолго од вообичаеното во текот на летната сезона, а за претстојниот долг празничен викенд ќе им биде дозволено да работат до 3 часот наутро.

Одлуката ја донесе Советот на општина Струга на последната седница, со цел да се овозможи непречено одржување на културни, туристички и други јавни настани. Според одлуката, за време на викендите и јавните настани, хотелските објекти ќе работат до 2 часот наутро наместо до 1 часот по полноќ, додека на 1, 2 и 3 август работното време ќе биде продолжено до 3 часот наутро.

Општина Струга информира дека продолжувањето на работното време за еден час ќе се спроведе и на 26, 27 и 28 јули, како и на 5, 6, 7, 9, 13, 14, 15, 26, 28 и 29 август, 8 и 28 септември, 11 и 23 октомври, 1, 8 и 22 ноември, како и 21 и 25 декември 2026 година.

Според локалната самоуправа, мерката има за цел да ја поддржи туристичката сезона, локалната економија и подобрата организација на настани што придонесуваат за промоција на Струга како атрактивна туристичка дестинација.

„Општина Струга продолжува да создава услови за развој на туризмот, угостителството и културниот живот, почитувајќи ги законските прописи и интересите на граѓаните“, соопшти прес-службата на општината.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести