back to top
7.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

ЦЕЛОСEН КОЛАПС, МЕТРА И ПОЛОВИНА СНЕГ НАВРНА ЗА 24 ЧАСА! Луѓе копаат тунели до влезната врата, возилата затрупани: Погледнете ги драматичните снимки!

Други наслови

Силна снежна бура го погоди италијанскиот регион Пиемонт

Силна снежна бура предизвика целосен колапс во Поморските Алпи, во италијанскиот регион Пиемонт .

Социјалните медиуми се преплавени со неверојатни снимки на кои се гледаат згради и автомобили целосно затрупани во снег, додека локалните власти предупредуваат на блокирани патишта и висок ризик од лавини.

Три метри снег

За само 24 часа, во некои области наврна до еден и пол метар нов снег, со што вкупната висина на снежната покривка на поголеми надморски височини достигна неверојатни три метри.

Сцените од терен се драматични – автомобилите буквално исчезнале под наносите, а жителите, според локалните медиуми, биле принудени да копаат тунели дури и за да стигнат до влезните врати на своите домови.

Потрупан е познат скијачки центар

Едно од најтешко погодените места е познатиот скијачки центар Прато Невосо, сместен на надморска височина од 1.480 метри надморска височина, кој буквално исчезна под снежна покривка по повеќе од 48 часа континуирани врнежи од дожд. Сите пристапни патишта до областа остануваат блокирани, а ситуацијата останува многу сериозна.

И покрај хаотичните услови и огромните количини снег, добрата вест е дека засега нема извештаи за повредени или смртни случаи.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести