Американскиот Пентагон денес ја објави третата група документи поврзани со неидентификувани летачки објекти (НЛО), која вклучува 72 документи и шест видеа од ЦИА, ФБИ, НАСА и Пентагон.
Видеата прикажуваат објекти слични на сфери на небото.
Тие документи се сметаа за доверливи сè до почетокот на годината, кога американскиот претседател Доналд Трамп издаде директива за нивно декласификација.
Првата серија документи за НЛО беше објавена на 8 мај.
Меѓу објавените записи денес е и извештај на ФБИ од 2025 година, во кој се опишува видео снимено од граѓанин во североисточниот дел на САД, на кое светкав црвен објект лета над неговиот двор.
Друго досега невидено видео покажува она што официјалните лица го опишаа како „сфера слична на плазма“ како лебди над езеро на непозната локација во САД, менувајќи ја формата и осветленоста додека се движи.
Trump releases THIRD bombshell tranche of UFO files revealing shape-shifting orbs over the US and CIA reports hidden for decades https://t.co/xBCexq23PU
— Daily Mail (@DailyMail) June 12, 2026
Меѓу новообјавените документи се и долго време криени документи на ЦИА за мистериозни феномени , кои откриваат дека агенцијата составила панел од врвни научници за да истражуваат „летачки чинии“.
Многу од сликите и видеата во соопштението се обезбедени од американски граѓани, а официјалните лица забележаа дека снимките се направени со iPhone-и.
Официјалните лица претходно посочија дека новото објавување на досиејата за НЛО ќе вклучува неодамна декласифицирани записи од ЦИА, кои некои информатори ги обвинуваат дека играат централна улога во прикривањето докази за вонземска активност.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави дека објавените документи содржат декласифицирани и историски неидентификувани аномални феномени и дека Министерството за одбрана работи на објавување на следната серија досиеја, објави „Индипендент“.
Тој додаде дека од објавувањето на првата група документи за НЛО на 8 мај, веб-страницата на Министерството на оваа тема имала повеќе од 1,7 милијарди посети.
