back to top
16.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

ЦУК воведува апликација за итни случаи, ќе може да испраќа локација, фотографии и видеа

Други наслови

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, најави дека граѓаните наскоро ќе можат да ја користат новата апликација „Каде си?“ која ќе овозможи побрза и поефикасна комуникација со службата 112 во итни ситуации.

Апликацијата ќе им овозможи на корисниците да ја испратат својата точна локација, како и фотографии и видеа од местото на настанот. Исто така, ќе биде достапна и опција за видео комуникација во живо со Оперативниот центар.

Дополнително, ќе се воведе функцијата „Тивок повик“, која ќе им овозможи на жртвите на семејно насилство и лицата во ризик да побараат помош тивко и безбедно, без да мора да зборуваат.

ЦУК нагласува дека со воведувањето на овие нови функционалности продолжува модернизацијата на системот 112, со цел да се обезбеди поголема безбедност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасен одговор од страна на надлежните служби во итни ситуации. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести