back to top
8.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

Четири промени во градите што не треба да ги игнорирате

Други наслови

Секоја промена на дојката може да биде знак за рак, па затоа ако забележите нешто, не одложувајте ја посетата на лекар.

За многумина од нас, градите едноставно се тука, па затоа често ги занемаруваме. Сепак, важно е да се грижите за нив и да ги следите сите можни промени што ќе ги забележите . Само така ќе бидете секогаш еден чекор понапред кога станува збор за вашето здравје.

Секоја промена на дојката може да биде знак за рак на дојка , па затоа ако забележите нешто, не одложувајте со одење на лекар.

Грутка во градите

Мека маса што се движи под кожата најверојатно е циста исполнета со течност. Ако грутката е цврста, може да биде бенигна промена, но сепак треба да се консултирате со вашиот лекар.

Осип на брадавиците

Трагите што личат на убод од инсект, црвенило или осип што не исчезнуваат дури и по неколку недели може да бидат знак за некоја форма на рак на дојка.

Збрчкана кожа на градите

Ако ткивото се збрчка како кора од портокал, тоа може да биде знак за блокирани лимфни јазли, што укажува на воспалителен рак на дојка.

Бенка или белег што ја менува бојата или обликот

Ракот на кожата најчесто се јавува на нозете, но и градите можат да бидат цел на оваа болест. Обрнете внимание на асиметриите, неправилните рабови на бенката , варијацијата во бојата и дали таа расте и се шири.

Покрај редовниот преглед на дојките што го правите сами, не заборавајте да го потсетите гинекологот да направи преглед на вашите гради кога одите на редовен годишен преглед!

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести